Од своето основање во 1990 година A&N Mikrogranulat е производител на индустриски минерали на база на калциум карбонат со висок степен на белина и чистота.
Се занимава со мелење на индустриски минерал кој го добива од сопствениот каменолом и нуди широк избор на производи:
-
фракции на калцит од 0,200 до 3 mm и според барање на купувачот,
-
микронизиран калциум во единици од 5 µ, 10 µ, 20 µ, 40 µ, 63 µ , 90 и 150 μ, како и
-
гранули од 1mm до 3mm.
Производите се наменети за градежната индустрија, индустријата за хартија, индустријата за пластика, гуми, бои и лакови, прехранбената индустрија, козметичката индустрија и фармацевтската индустрија. На производите кои се користат во различни гранки на индустријата, нашите минерали им даваат отпорност, издржливост, пигментација, цврстина, вискозност и други.